„Опел“ управуван од скопјанец вчера излетал од автопатот Гостивар–Тетово при што возачот е тешко повреден.
- На 04.06.2023 во 17.45 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на автопатот Гостивар–Тетово, пред Тумчевишка петла, патничко возило „опел“ со скопски регистарски, управувано од М.С.С.(41) од Скопје, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Д.С., а М.С.С. и уште една сопатничка се здобиле со телесни повреди констатирани во Општата болница Гостивар, соопшти полицијата.
Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.