Скопјанец тешко повреден откако паднал во автобус со број 22

Како што информираат од МВР, инцидентот се случил во попладневните часови на 11 септември во приватен автобус со број 22.

–Скопјанецот кој бил патник во автобусот, паднал и се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување помош – стои во полицискиот билтен.

Се работи на расчистување на случајот.