Скопјанец среде бел ден нападнал полицаец со нож откако бил сопрен при рутинска контрола

Вчера во 11.30 часот во Скопје, полицијата го уапсила 21-годишниот С.Л. од Скопје откако со остар предмет се обидел да нападне полицаец.

„Во моментот кога полициски службеници дале знак за запирање на возилото „рено канго“ со скопски регистарски ознаки, во кое бил совозач, Л.С. од прозорецот фрлил тврда бела материја, а откако излегол од возилото се обидел со остар предмет да нападне полициски службеник кој извршувал службени дејствија“, велат од МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.