Скопјанец со своето возило се забил во камион

На крстосницата од регионалниот пат Градско – Прилеп вчера се случила  сообраќајна незгода помеѓу  патничко моторно возило „Форд “со скопски регистарски ознаки управувано од С.С.(49) од Скопје и товарно моторно возило „Сканиа “со прилепски регистарски ознаки управувано од В.Б.(34) од Прилеп.

Со тешки телесни повреди се здобил совозачот на патничкото моторно возило Р.М., а возачот се здобил со телесни повреди. Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.