Скопјанец со „Мерцедес“ излетал од патот и се превртел, итно пренесен на Клиника

Вчера околу 07 часот на локалниот пат село Кадино – Миладиновци, скопско, патничко возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.Т. (47) од Скопје излетало од коловозот и се превртело.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобил Т.Т. и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настанот.