Скопјанец со лична карта од пријател си подигнал пари од банка

Против 35 годишен скопјанец е поднесена кривична пријава, за сторено кривино дело „злоупотреба на лични податоци“. 

Имено, пријавениот неовластено задржал лична карта на негов пријател и искористувајќи ја физичката сличност со него и претставувајќи се во негово име, на шалтер во филијала на банка во општина Бутел од неговата трансакциска сметка подигнал 50.000 денари, информираат од МВР. 

Пријавата против скопјанецот е поднесена од страна Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје.