Скопјанец со „бмв“ направил карамбол доцна синоќа: Настрадал 44-годишен пешак

62-годишен возач со автомобил „бмв“ со белгиски регистарски ознаки синоќа предизвикал сообраќајна несреќа на улицата „Вашингтонска“ во Скопје, при што тешко е повреден пешак.

Според информациите од МВР, несреќата се случила вчера околу 22:30 часот, кога Р.О. (62) од Скопје, управувајќи го возилото, изгубил контрола, удрил во ограда од двор, а потоа и во пешакот Ј.Д. (44) од Скопје. Возилото продолжило да се движи и удрило во две паркирани возила – „фолксваген пасат“ и „опел“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на пешакот.

Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот се здобил со телесни повреди. Повредите биле констатирани во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“ и во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.