Скопјанец со автомобил влетал во објект на МВР, па избегал

Триесет и седумгодишен скопјанец рано утрово во 3:30 часот изгубил контрола над возилото и удрил во метална ограда по што избегал од местото на настанот.

Сообраќајната незгода се случила на крстосницата од улицата „Васко Карангелевски“ и улицата „Ангел Димовски“ кога С.М. управувајќи возило „волво С70“ изгубил контрола и удрил во металната ограда од дворното место од објектот на Единицата за известување и командување при СВР Скопје.

Во незгодата причинета е материјална штета на возилото и оградата. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје, а по преземени мерки, лицето е пронајдено.