Скопјанец со „ауди“ прегази дете кај Ласкарци

Малолетник прегазен од „ауди“ кај Ласкарци. 

Според информациите од МВР, вчера во 18:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на регионалниот пат Скопје–Тетово, во атарот на село Ласкарци, скопско патничко возило „ауди“ со скопски регистарски, управувано од А.А.(33) од с.Сарај, скопско удрило во малолетен пешак од с.Ласкарци, скопско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.