
Од МВР информираат дека синоќа во 21:50 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.К.(30) од Скопје.
Тој бил уапсен постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 33-годишна сестра и искршил дел од покуќнината.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, посочија од МВР.