Скопјанец се здобил со тешка повреда додека изведувал градежни работи во општинската зграда на Свети Николе

Маж од Скопје е тешко повреден додека работел на поправки во општинско одделение во Свети Николе. 

Како што информираа од полицијата во дневниот билтен, на 16.01.2026 во 10:05 часот во ОВР Свети Николе од Јавна здравствена установа Свети Николе е пријавено дека кај нив бил донесен Ф. С. (35) од Скопје, вработен во приватна фирма, кој според пријавеното, околу 09:30 часот се здобил со тешка телесна повреда, додека извршувал работни задачи-поправки во Одделението за катастар на недвижности Свети Николе во објектот на Општина Свети Николе.

За настанот е известен трудов инспектор.