Скопјанец се заканувал на вработени на бензиска пумпа

Вчера околу 22.20 часот В.Н.(37) од с.Долно Соње-Скопје, вработен во Агенција за обезбедување, пријавил дека околу 21.40 часот на бензинската пумпа лоцирана на бул.„Србија“ вработените биле вознемирувани од машко лице кое кон нив упатувало пцовки, закани и навреди, а во рацете држело нож и сукало.

По доаѓање на патрола од агенцијата за обезбедување, сторителот му упатил закани по животот и на И.М. вработен во агенцијата. Лицето е приведено од полициски службеници и утврдено е дека се работи за С.П.(28) од Скопје, кој што бил задржан во Полициска станица Кисела Вода. Се работи на расчистување на случајот.