Скопјанец сакал да ги ограби соседите, па со нож се заканувал на децата кои биле сами дома

Скопјанец сакал да ги ограби соседите па со нож им се заканувал на нивните малолетни деца, вчера во населбата Чаир, информираше МВР.

Според полицијата, вчера во вечерните часови било пријавено дека на улицата 376 во куќа сопственост на Н.Ш. било извршено разбојништво во обид од страна на нејзин сосед. Додека Н.Ш. и сопругот биле на семејна веселба, нивните три малолетни деца биле сами дома.

Во еден момент соседот влегол насилно во куќата и со нож им се заканувал да му дадат пари. Потоа извршил пребарување по куќата и откако не пронашол ништо заминал во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.