Скопјанец реагира за руинираната фасада на зграда во Центар: „Каде ли ги трошат парите од рекламните билборди...“

Во една од фејсбук групите која тематски обединува „стари скопјани“ еден нејзин член реагираше за состојбата на фасадата на една од зградите во строгиот центар на градот.

Имено, како што може да се забележи на фотографијата, фасадата се наоѓа во прилишно лоша состојба, каде веќе се појавени неколку отпадната парчиња од фасадата, што го квари естетскиот изглед на самата зграда, која се наоѓа во строгиот центар на Скопје.

„Една од најфреквентните раскрсници. Со години фасадата е катастрофална, каде ли ги трошат парите од рекламните билборди“, гласеше реакцијата на овој скопјанец, кој ја сподели фотографијата.