Скопјанец ранет од залутан куршум во својот двор

На 29.08.2018 година околу 19,30 часот С.Р. пријавила дека истиот ден околу 13:30 часот во Скопје на улица „Среќко Пужалка“ во дворот од семејната куќа, нејзиниот свекор Т.Р.(84), бил погоден од залутано зрно.

Потоа зрното удрило во ѕидот од куќата и завршило во внатрешноста на фасадата.

По ова, од страна на доктор од Итна медицинска помош кај Т.Р. биле констатирани телесни повреди во пределот на  десното рамо.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.