Скопјанец пронајден починат во својот дом во Кисела Вода

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 18.45 часот во Полициската станица Кисела Вода било пријавено дека во сопствениот стан на подрачјето на Кисела Вода бил пронајден починат Г.И.(73) од Скопје.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а увид извршила екипа од Полициската станица Кисела Вода и Јавен обвинител, по чија наредба телото било дадено на обдукција.