
77-годишен маж од Скопје бил пронајден починат во куќа во Гостивар, информира МВР.
Случајот бил пријавен вчера околу 16:30 часот од страна на Итната медицинска помош.
- Во куќа на улицата ‘Никола Тесла’ во Гостивар е пронајден починат Д.А.(77) од Скопје, кој живеел сам. Лекар констатирал смрт, известија од полицијата.
На местото извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Гостивар, а по наредба на јавен обвинител, телото било предадено на Судска медицина за обдукција.