Синоќа во 23.08 часот во Полициската станица Аеродром пријавено е дека во стан бил пронајден починат 62-годишен скопјанец.
Од МВР со кусо соопштение за случајот:
-На 03.10.2022 во 23.08 часот во Полициска станица Аеродром е пријавено дека во стан на подрачјето на Аеродром бил пронајден починат Д.Р.(62) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а увид извршила екипа од СВР Скопје - се вели во соопштението.
По наредба на Јавен обвинител телото ќе биде предадено за обдукција.