Скопјанец пронајден мртов во неговиот автомобил

Маж на возраст од 56 години вчера бил пронајден мртов во неговиот автомобил на паркинг од хотел во Скопје.

Од МВР соопштија дека од Итната медицинска помош било пријавено дека на паркингот од хотел во Скопје во неговото патничко моторно возило „Мерцедес“ со скопски регистерски таблици бил пронајден починат  Ј.К. (56) од Скопје.

Од страна на лекар била констатирана смрт. Бил извршен увид, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на судска медицина за обдукција.