Скопјанец прободен кај Порта Македонија

На 11.05.2022 во 15.18 часот во СВР Скопје било пријавено дека кај порта „Македонија“ бил нарушен јавниот ред и мир. Во врска со пријавата, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреда од остар предмет бил донесен С.К.(45) од Скопје.

Во разговор со полициски службеници тој изјавил дека повредата со остар предмет му ја нанел негов познаник С.„Н“, по вербална расправија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.