Скопјанец припадник на руска мафија уапсен попладнево во „Сити Мол“

Скопјанец припадник на руската мафија бил уапсен попладнево од македонските безбедносни служби, дознава НетПрес од полициски извори.

Првичните информации на порталот велат дека триесет и четиригодишниот скопјанец бил фатен додека седел во кафулето „Бруклин“ во „Сити Мол“.

Според неофицијални полициски извори, станува збор за лицето Александар Драговиќ, кој два пати бил осудуван за убиство во обид, за изнуда и за вооружен грабеж и киднапирање, за што има издржувано и деветгодишна затворска казна.

Претпоставките на македонските безбедносни служби се дека Драговиќ е припадник на руската организирана криминална група „Вор В Законе“, за која се претпоставува дека е поврзана со многу криминални дејствија на Балканот, но и пошироко.

Исто така, безбедносните служби претпоставуваат дека Александар Драговиќ бил и на боиштата во Украина, како платен војник.

Инаку, скопјанецот е во бегство околу четири години, а по него е распишна потерница од македонската полиција, која го бара за вооружен грабеж, кој тој го сторил во 2005 година.

За ова дело Драговиќ е осуден на три години затворска казна.