Скопјанец пријавил разбојништво откако женско лице го нападнало и му одзело пари

Скопјанец пријавил разбојништво откако женско лице го нападнало и му одзело пари.

- Синоќа во 21:00 часот во СВР Скопје, И.М.(25) од Скопје пријавил дека околу 19:00 часот на кеј „Димитар Влахов“, едно женско лице со употреба на физичка сила му одзело пари, а потоа едно машко лице му се заканило со остар предмет, соопштија од полицијата во дневниот билтен. 

Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.