Млад скопјанец пријавил дека бил нападнат од својата партнерка, ден подоцна и таа го пријавила случајот во полиција.
Како што стои во денешниот полициски билтен, вчера околу 17.30 часот во СВР Скопје, 22-годишник од Скопје пријавил дека на 11.10.2024 околу 13.30 часот во неговиот дом на подрачјето на Центар бил физички нападнат од неговата 26-годишна партнерка од Скопје, која оштетила и дел од покуќнината.
Денеска (15.10.2024) во 05.00 часот, и неговата партнерка пријавила дека на 09.10.2024 на подрачјето на Центар тој физички ја нападнал неа, а со нејзиниот поранешен партнер двајцата имале физичка пресметка.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.