
36-годишен скопјанец ноќеска пријавил дека пред четири дена, во неговото возило бил физички нападнат од неговата партнерка од Скопје.
Како што се наведува во полицискиот билтен, ноќеска (08.01.2026) во 00:00 часот во СВР Скопје, 36-годишен маж од Скопје пријавил дека на 04.01.2026 во неговото патничко возило на подрачјето на Центар, бил физички нападнат од неговата 36-годишна партнерка И.В. од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.