Скопјанец преживеал хорор: Го претепале и ограбиле во својот дом

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 15.06 часот во СВР Скопје, С.А.(53) од Скопје пријавил дека во неговиот дом неколку лица физички го нападнале и му одзеле пари.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.