Скопјанец преживеал хорор: Го однеле на Водно, му ги врзале рацете и физички го нападнеле

Министерството за внатрешни работи информираше дека М.Ш од Скопје противправно бил лишен од слобода. Тој од страна на две лица бил однесен на Водно каде физички бил малтретиран.

Вчера околу 20.40 часот во Полициската станица Карпош, М.Ш.(55) од Скопје пријавил дека противправно бил лишен од слобода од лицата М.Н. и Ф. Ј.

Според пријавителот, тие имале договориена средба во слаткарница во врска кражба што пријавителот ја извршил на 19.05.2019 година во казино, каде што работела М.Н. После тоа, со возило отишле на Водно, каде М.Н. и Ф.Ј. му ги врзале рацете со јаже и физички го нападнале. После половина час, според пријавата, го однеле во казиното, од каде М.Ш. бил приведен во врска со кривичното дело „кражба“. Во Полициската станица Карпош, М.Ш. признал дека ја извршил кражбата, по што пријавил дека бил противправно лишен од слобода. Во Полициската станица Карпош бил приведен Ф.Ј.(35) од Скопје.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на М.Н. и за целосно расчистување на случајот.