Скопјанец претепан среде Клинички центар

Вчера околу  08.00 часот во Скопје, во кругот на Клинички центар Скопје, И.М. (40) од Скопје бил физички нападнат од страна на непознато лице.

Во  13.30 часот, по сите извршени прегледи, кај истиот биле консртатирани тешки телесни повреди и е задржан на понатамошно лекување во Оддел за неврохирургија. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.