Скопјанец претепан со пендраци во кафуле во „Лептокарија“

Вчеравечер во 23.20 часот во ЕИК-Скопје, В.П. (31) од с.Рашче, скопско, пријавил дека истиот ден околу 15.00 часот физички бил нападнат од неколку лица во кафе бар во ТЦ „Лептокарија“.

Во наведеното време пријавителот заедно со ќерка на негов пријател отишол во кафе барот да разговараат за вработување и додека стоеле во летната тераса  истиот забележал дека влегле лицата С.Х., Ф.В., И.Д. и уште две непознати лица, кои биле во униформи на агенција на обезбедување. Кога се доближиле до него почнале веднаш, без повод и причина, да го удираат со тупаници и пендреци во пределот на главата и телото. Кога паднал на земја без свест продолжиле и со клоци да го удираат по целото тело. Напаѓачите потоа го изнеле од кафе барот и го однеле позади едно казино.

Кога пристигнале полициски службеници на местото на настанот повикале Брза помош, која го однела В.П. во Ургентен центар каде му биле констатирани повреди во пределот на главата, телото и десната нога.

Направен е записник и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.