Скопјанец претепал роднини, бремена жена тешко повредена

Триесет и осум годишниот Н.Ј. вчера пријавил дека тој и неговата сопруга Т.Ј. (33) биле физички нападнати од нивен роднина Д.А. (31) од Скопје.

-Од 14.00 часот, пријавителот, неговата сопруга и двете малолетни деца биле на гости кај Д.А.. Околу 21.00 часот, Д.А. со палка почнал да го удира Н.Ј. и неговата бремена сопруга. Со возило на Итна медицинска помош, тие биле префрлени во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што им била укажана лекарска помош и им биле констатирани тешки телесни повреди, информираат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.