Скопјанец прегазил пешак па побегнал

Вчера во 10 часот и 55 минути во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на крстосницата од булеварот “Гоце Делчев“ со улицата “1732“ патничко моторно возило “Ауди“ со италијански национални ознаки управувано од непознато лице, кое по незгодата го напуштило местото на настанот удрило во пешакот 72- годишната М.А од Скопје.

„Од незгодата со повреди се здобила М.А. која со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош и од страна на лекар и биле констатирани тешки телесни повреди по што била задржана на понатамошно лекување“ се вели во соопштението од МВР.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Сите денешни вести прочитајте ги тука.