Скопјанец повреден во тешка сообраќајка кај Козле

Едно лице е повредено во тешка соообраќајна незгода која викендов се случи во скопската населба Козле, информираше МВР.

Вчера, околу 16,50 часот на крстосницата од улицата „Козле“ и улицата „1010“, се случила сообраќајна незгода помеѓу моторцикл „Хонда ЦБ-500 “ со скопски регистерски таблици, управуван од Д.П. (26) од Скопје и патничко моторно возило „Опел Агила“ со скопски регистерски таблици управувано од Е.Ѓ.(31) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се задобил Д.П. кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му била укажана лекарска помош, а со телесни повреди се здобила Е.Ѓ..

Полицијата извршила увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.