Скопјанец повреден во сообраќајка во Охрид

Скопјанец тешко повреден во сообраќајка со мопед во Охрид. 

- На 03.06.2026 околу 16:10 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул.„7 Ноември“ во Охрид, 63-годишниот Н.М. од Скопје, управувајќи мопед со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид, соопштија од полицијата за несреќата. 

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Охрид.