Скопјанец повреден со остар предмет во угостителски објект

Инцидент во скопски угостителски објект. 22-годишник со остар предмет му нанел повреди на 36-годишен скопјанец. 

По преземени мерки и активности, на 19.11.2022 во 19.00 часот на ул.„Филип Втори“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Карпош и ЕВР Центар и Бит Пазар го лишиле од слообода М.Ј.(22) од с. Студеничани, скопско, затоа што во 01.20 часот во угостителски објект на бул.„Партизански одреди“ со остар предмет му нанел повреди на Д.А.(36) од Скопје, соопшти полицијата. 

СВР Скопје – Единица за насилен криминал, во координација со Јавен обвинител, против него поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 став 6, а судија на претходна постапка му одреди мерка притвор.