Скопјанец поминувал река, починал и паднал во водата

Седумдесет и шест гoдишниот скопјанец Б.С. починал вчера околу 13 часот додека го напасувал добитокот во атарот на кумавското село Пчиња.

Од полицијата информираат дека додека Б.С. ја минувал реката Пчиња, починал и паднал во водата.  Од страна на лекар констатирана е природна смрт.

Полицијата извршила увид на местото, а со согласност на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството за погреб.