Скопјанец починал по пад од скали

Скопјанецот З.П.(54) вчера починал одкако се лизнал по скалите и од здобиените повреди починал на самото место, информираат од МВР.

На 19.07.2018 година околу 09,20 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата „Дебарца“ З.П.(54) од Скопје додека пренесувал печка од бурекџилница во подрумска просторија се лизнал по скалите и од здобиените повреди починал на самото место.

Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено  на обдукција.