Скопјанец почина во сообраќајна несреќа кај Инџиково

Скопјанец на 56-годишна возраст почина вчера во сообраќајна несреќа на автопатот Северна обиколница на град Скопје, во близина на надвозникот „Инџиково“.

Како што информираат од МВР во несреќата, покрај скопјанецот, учествувало возило со тетовски регистарски ознаки, кое поради дефект, од страна на возачот М.К.(35) од Дебар било паркирано на десната страна од коловозот.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.