Скопјанец по полноќ каснат од куче во Гази Баба, имало уште две пријави низ Скопје

И во текот на вчерашниот ден до полицијата стигнале пријави за каснувања од улични кучиња на подрачјето на Скопје. 

Вчера попладне, во 13.45 часот во Полициската станица Гази Баба, Т.Л.(54) од Скопје пријавил дека на ул.„Интернационални бригади“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

Нешто подоцна, во 14.00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, Е.Д.С.(41) од Скопје пријавила дека на подрачјето на Центар во Скопје била касната од куче скитник.

Денеска по полноќ, во 00.30 часот во Полициската станица Гази Баба, Д.Ј. пријавил дека на ул.„Методија Анодонов Ченто“ во Скопје бил каснат од куче скитник.