Скопјанец паднал во автобус, со тешки повреди пренесен во Клинички

На ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје вчера околу 12 часот, превезувајќи се во автобус на ЈСП-Скопје „ман“, со скопски регистарски ознаки, управуван од А.В.(37) од с.Јурумлери, скопско, паднал и се повредил Д.Ш.(78) од Скопје.

Тој бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на незгодата извршила екипа на СВР Скопје.