Скопјанец паднал на улица и починал

Во 13.28 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош било пријавено дека на улица „Карпошово Востание“ бил пронајден починат 69-годшниот П.П. од Скопје.

Според пријавеното, тој додека се движел по улицата му се слошило и паднал, а случаен минувач повикал Итна медицинска помош, која само констатирала смрт без траги на насилство.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.