Скопјанец осомничен за даночно затајување

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Р.В.(48) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“ .

Пријавениот, во текот на 2017 година, на своја денарска сметка во банка во 34 наврати уплатил 1.624.342 денари остварени како друг приход.

За тој износ тој не поднел годишна даночна пријава и на тој начин одбегнал да плати данок на доход од 10% или 162.434 денари, сума за која го оштетил Буџетот на Република Северна Македонија.