Скопјанец ограбил продавница, па им се заканил на вработените со нож

На 25.01.2023 во 18.10 часот на ул.„Бутелска“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Чаир го лишиле од слобода Љ.Б.(34) од Скопје.

- Тој се сомничи дека околу 17.00 часот одзел производи од продажен објект, а откако бил забележан од вработените им се заканил со остар предмет. Со него бил извршен службен разговор во полициска станица и му биле одземени производите и ножот, информира МВР.

По целосно документирање на случајот, ќе следи соодветна кривична пријава.