
30-годишен скопјанец е лишен од слобода откако бил затекнат по кражба во продажен објект на подрачјето на Бит Пазар, при што физички нападнал вработен кој се обидел да го спречи.
„На 05.10.2026 во 21:10 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Х.Ј.(30) од Скопје“, соопшти МВР.
Според полицијата, тој претходно одзел производи од продажниот објект, но бил забележан од вработениот.
„Тој се сомничи дека претходно во продажен објект одзел производи и бил забележан од вработениот, кој се обидел да го спречи, по што Х.Ј. физички го нападнал“, наведуваат од МВР.
Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава.
„Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар при СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојничка кражба“ по член 238 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.