Скопјанец ограбен среде бел ден: Од двор му го украле автомобилот

Во Полициската станица Карпош, вчера во 20 часот, 52-годишниот С.Д. од Скопје пријавил дека истиот ден во периодот од 14:15 до 17:30 часот во дворот од куќата на улицата „Франце Прешерн“ од страна на непознат сторител му било одземено патничко возило „Југо Флорида“ со скопски регистарски таблици. 

Сторителот влегол во возилото, кое било незаклучено и со клуч на баравата, го стартувал и заминал од местото на настанот. На тој начин сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 60.000 денари. 

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на возилото и сторителот и за целосно расчистување на случајот.