Скопјанец ограбен од лице кое го замолил да му помогне да извади пари од банкомат

35-годишен скопјанец вчера пријавил дека бил ограбен од лице, кое претходно го замолил да му помогне да извади пари од банкомат.

Како што соопштија од МВР, вчера во 18:00 часот во СВР Скопје, С.С.(35) од Скопје пријавил дека околу 17:00 часот на подрачјето на Центар замолил едно машко лице да му помогне да извади пари од банкомат, но откако ги извадиле, лицето со употреба на сила ги земало парите и се дало во бегство.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.