Скопјанец од затвор координирал неколку измами во Тетово и тетовско

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.А.(34) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени седум кривични дела „измама“. 

Во периодот од 02.07.2019 до 13.02.2020, додека бил на издржување казна затвор во Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“ - Скопје, преку мобилен телефон лажно се претставувал како сопственик или раководител на различни фирми и лицата К.Б.(65), С.К.(47), Џ.Л.(55) од Тетово, А.Х.(36), Ј.М.(67) од Скопје, С.С.(40) од с.Џепчиште и М.Б.(62) од с.Беловиште ги довел во заблуда дека неговата фирма деловно ќе соработува со нив и од нив успеал да земе парични средства. 

Со ваквото дејствие причинета е материјална штета од околу 315.000 денари.