Скопјанец ноќеска наместо добар провод во кабаре, добил ќотек од газдата на објектот

37-годишен скопјанец ноќеска пријавил дека пред кабаре во скопски Аеродром, по претходна расправија со друг гостин, бил физички нападнат од сопственикот на објектот.

Како што се наведува во полицискиот билтен, ноќеска (27.12.2025) во 03:00 часот во СВР Скопје, В.П.(37) од Скопје пријави дека пред кабаре на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, по претходна расправија со друг гостин, бил физички нападнат од сопственикот на објектот С.К.(47) од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.