Скопјанец направил хаос во домот: Ги натепал мајка си и сопругата, а употребил и остар предмет

Скопјанец вчера физичли ги нападнал својата мајка и својата сопруга во семејниот дом, при што употребил и остар предмет.

Како што информираат од МВР, вчера (15.02.2026) во 22:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Е.(34) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 16:00 часот во семејниот дом физички ги нападнал неговата 58-годишна мајка и неговата 30-годишна сопруга, при што употребил и остар предмет.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.