
28-годишен скопјанец вчера на подрачјето на Бит Пазар бил уапсен, откако се заканувал на 39-годишниот М.Ш. од Скопје и на неговото семејство, по што со тврди предмети удирал по куќата и влезната врата, обидувајќи се физички да го нападне.
Вчера (03.09.2025) во 18:20 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода И.Р.(28) од Скопје, по претходна пријава од М.Ш.(39) од Скопје, дека упатувал закани кон него и неговото семејство, потоа со тврди предмети удирал по куќата и влезната врата, обидувајќи се да влезе во нивниот дом и физички да ги нападне, а исто така и агресивно се однесувал кон полициските службеници кои извршувале службени дејствија, се наведува во полицискиот билтен.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.