Скопјанец напаѓал жени - им се доближувал зад грб

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 37- годишниот А.Ј од Скопје  осомничен за две кривични дела „тешка кражба на дрзок начин“ извршени врз жени во март и мај годинава, со што противправно стекнал имотна корист од 65.000 денари.

Како што соопшти МВР, на 9 март околу 16 часот и 30 минути на булевар „ВМРО“ пријавениот и се доближил од зад грб на оштетената и со употреба на сила и го скинал златното ланче од вратот, по што побегнал. Одземеното златно ланче подоцна го продал во населба Шуто Оризари. 

Кривичното дело го повторил и на 7-ми овој месец. Околу 11 часот и 45 минути на улица  „Кирил и Методиј‘‘ на ист начин одзел златно ланче од друга оштетена и  побегнал.