Скопјанец нападнат во својата гаража

Вчера во 16:00 часот во село Визбегово, скопско пријавено е дека  на улица „31“, во помошниот објект - гаража, непознато лице физички го нападнало 25-годишниот Б.К. информира МВР.

Потоа Б.К. излегол на улицата, заедно со неговиот брат  и 33-годишниот К.Ј. од Скопје, при што забележале друго непознато лице, кое им упатило закани. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицата и целосно расчистување на настанот.